Поврзете се со нас

Англија

Сопругата на Силва им одржа лекција на навивачите на Челси (Видео)

Објавено

на

Челси игра разочараувачка сезона во Премиер лигата и се наоѓа на 10-то место на табелата, па така навивачите на клубот од Лондон почнаа да го губат трпението и со новиот менаџер.

Грем Потер ќе се наоѓа под се поголем притисок на секој следен натпревар на домашен терен, особено откако Челси загуби на уште едно дерби во домашното првенство.

Манчестер Сити си замина со три бода од „Стемфорд Бриџ“ вчеравечер и му се доближи на Арсенал на врвот на табелата, додека Челси останува десетти со само 25 освоени бода.

Лошите резултати и неубедливата игра донесоа незадоволство на трибините, а истото го улови и сопругата на Тиаго Силва, која сепак реши да им одржи и лекција на англиските навивачи.

– Не доаѓајте на „Стемфорд Бриџ“ ако не пеете „НАПРЕД ЧЕЛСИ“, – порачува Беле Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни