Англија
Солскјер: Денешниве фудбалери се како „снегулки“

Оле Гунар Солскјер во најновото интервју зборувал на повеќе теми, а неговото искуство во Манчестер Јунајтед му овозможува и да направи споредба на две различни генерации.
Норвежанецот е поранешен напаѓач на „црвените ѓаволи“, а во меѓувреме ја извршуваше и менаџерската позиција, при што имаше можност да соработува со најголем дел од актуелните ѕвезди на премиерлигашот.
– Моите соиграчи беа фантастични во соблекувалната. Кин беше лидер кого сите го слушаа, Дејвид Меј беше забавен, Невил секогаш беше најзафатен како и денеска. Рајан Гигс и Ники Бат беа забавувачи, беше тоа одлична соблекувална полна победници кои мразеа да губат.
– Некогаш и ќе се искаравме по некој лош натпревар, но тоа е исправно, мора малку тензија кога не ви оди најдобро.
– Ако денеска постапите така со актуелниве играчи, тие одат да плачат кај мама, тато, кај својот агент… како снегулки се. Не гледам многу фудбалери кои би преживеале во таа моја соблекувална, – истакнал Солскјер.
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 21 час
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 21 час
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 21 час
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 19 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 10 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Италијапред 20 часа
Наполи ќе го менува Гарсија со друг француски тренер