Поврзете се со нас

Франција

Соиграч на Елмас ќе добие главна улога во ПСЖ по заминувањето на Мбапе

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Луис Енрике веќе се подготвува за ерата по Килијан Мбапе во ПСЖ, а стручниот штаб и раководството веќе размислуваат за новиот проект и главните ѕвезди во него.

Францускиот првак има квалитетен ростер и јасно е дека повторно ќе има конкурентен тим и во Европа, а главната улога во новиот проект ќе ја преземе Чави Симонс.

Медиумите во Франција тврдат дека Луис Енрике веќе им потенцирал на претпоставените дека очекува 20-годишниот Симонс да се врати во Париз по крајот на сезоната и дека планира тој да добие сериозен простор и околу него да се гради играта на ПСЖ.

Симонс во моментов му е соиграч на нашиот Елиф Елмас во РВ Лајпциг, но јасно е дека бундеслигашот нема да може да го задржи холандскиот репрезентативец и следната сезона.

Чави дојде во ПСЖ од младинската академија на Барселона, беше продаден во ПСВ, но минатото лето ПСЖ ја искористи клаузулата за повторно откупување на неговиот договор и повторно ќе го има Симонс во тимот на подолг рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни