Поврзете се со нас

Репрезентација

Славеникот Елмас едвај дојде до збор од соиграчите, но успеа да ја испорача својата голема желба (Видео)

Објавено

на

Елиф Елмас и нашите фудбалери доживеаја разочарување на вчершаното гостување во Тбилиси, но веќе се во Скопје и со мислите се насочени кон она што следи, односно последниот натпревар од овој циклус во Лигата на нации.

Натпреварот против Бугарија ќе биде пресметка за престиж и сигурно дека избраниците на Милевски ќе излезат на теренот со мотив за победа, а Елмас кој денеска слави 23 години сигурно ќе сака да го прослави роденденот со триумф.

Македонската фудаблска Федерација го изненади Елиф со торта во базата на репрезентацијата, а фудбалската репрезентација го објави и комичното видео во кое се гледа дека славеникот едвај дошол до збор.

Елмас мораше да ги сочека шегите од своите соиграчи пред да може слободно да зборува, па покрај тоа што им се заблагодари, јасно порача која е следната голема цел на репрезентацијата.

– Се надевам дека ќе стигнеме до крај на патот на кој тргнавме заедно. Целта е Европско првенство во 2024-та година, – порача Елиф пред да ги дувне свеќичките.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни