Поврзете се со нас

Свет

Скалони за тоа каде Меси треба да се пресели: Тој треба да оди…

Објавено

на

Лионел Меси ја завршува приказната со Пари Сен Жермен на крајот на сезоната, па токму поради тоа е многу актуелен со прашањата околу неговата иднина.

Секој ден има по некоја информација, се пишуваше дека е многу блиску до преселба во Барселона, вчера пак го однесоа, потврдија дури како член на Ал Хилал од Саудиска Арабија по што мораше да реагира и демантира неговиот татко кој воедно и е негов агент.

Останува да се види кој ќе биде следниот негов чекор кој дефинитивно може да има големо значање и за аргентинската репрезентација. Токму предводникот Лионел Скалони кратко и јасно посочи каде капитенот треба да ја продолжи кариерата.

-Нека оди таму каде што ќе се чувствува пријатно со своите соиграчи и навивачи на клубот. Прашањето не влијае на нас како национален тим сè додека тој е среќен кога ќе ни се придружи, потребно е да биде среќен, -порача Скалони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни