Поврзете се со нас

Свет

Шортс блиску до дабл-дабл, Париз почна да победува и во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

Париз на Ти-Џеј Шортс почна да влегува во ритам и во францускиот шампионат каде забележа нов триумф, 14 во 21 сезонски натпревар.

Шортс и другарите беа подобри од Сен Кантен со резултат 87:65. Домаќините имаа сигурна прва (24-14) и моќна последна четвртина (25-8) што беше доволно да се дојде до посакуваниот резултат на овој дуел.

Хифи со 15 поени беше прв стрелец, но гледано севкупно лидер одново беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј со 13 поени, 3 скока и 9 асистенции.

Со учинок 14-7 Париз се наоѓа на 4. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни