Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи жестоко ќе се бори за одбрана на титулата: Го ангажираше големиот адут на главниот ривал за трофејот

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи тргна доста лошо на стартот на сезоната и дозволи на Струга Трим и Лум да се одлепи на табелата, но како што се ближеше крајот на првиот дел, така актуелниот првак се повеќе влегуваше во форма.

Бранителот на титулата замина зимска пауза со минимална пауза во однос на лидерот на табелата, а сега го разбранува трансфер пазарот со ангжман на еден од најдобрите од Струга.

Шкупи денеска го потврди ангажманот на Дарко Илиески, стоперот кој беше еден од најдобрите играчи на Струга во првиот дел од сезоната, кој овој тим го заврши како есенски првак.

Илиески всушност е повратник во Шкупи и доста добро познато име во Чаир, кое ќе биде огромно засилување за клучниот дел од кампањата во Првата македонска фудбалска лига.

Покрај неговиот ангажман, Шкупиу денеска информираше дека е договорен потписот и на Стефан Митрев кој доаѓа од Беласица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни