Поврзете се со нас

Англија

Шампионска петарда од Ливерпул во мрежата на Челси, супер натпревар на „Енфилд“

Објавено

на

Екипата на Ливерпул на најдобар можен начин ги заврши настапите за оваа сезона на својот „Енфилд Роуд“.

Избраниците на Јирген Клоп со 5:3 во супер интересен натпревар го совладаа ривалот од Лондон, Челси.

„Црвените“ започнаа фуриозно во првиот дел и до 43. минута имаше водство од 3:0. Стрелци на головите беа Кеита кој на фантастичен начин го совлада Кепа, па Александер Арнолд и Вијналдум.

До крајот на полувремето Оливие Жиру само успеа да го намали резултатот и да му донесе зрак на надеж на Лампард.

Во  55. минута Фирмино зголеми на 4:1 и се чинеше дека тука е крајот на Челси, но така не мислеа фудбалерите во сино.

Тами Абрахам и Кристијан Пулишиќ со два гола ја вратија негативата на минус еден, но сите надежи им ги урна Окслејд Чемберлејн кој го постигна последниот погодок на средбата во 84. минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни