Поврзете се со нас

Светски првенства

Се појави ново видео: По провокациите, Меси и Мбапе имале и симпатичен момент пред церемонијата

Објавено

на

Лионел Меси и Килијан Мбапе не се штедеа на теренот и си испратија по една провокација по постигнатите погодоци во финалето, па она што успеа да и побегне на камерата која го вршеше телевизискиот пренос, успеа да го долови еден од камерманите кои се нашол доле на теренот при свечената церемонија за доделување на индивидуалните награди.

Тимските колеги од ПСЖ водеа фудбалска „војна“ на теренот во обидот да стигнат до златниот медал, но откако битката завршила, режирале и навистина симпатична сцена.

Меси како капитен победник имал утешни зборови за Мбапе и го прегрнал во моментите кога Аргентинците се уште лудо славеле, а во овој момент се вмешал и џентлменот Лионел Скалони.

Аргентинскиот селектор со срдечен гест го поздравил Мбапе, кој мора да се напомене дека беше крајно разочаран по поразот во пенал рулетот.

Таквото чувство воопшто не треба да изненади, особено ако се знае дека неговиот хет-трик и постигнатиот гол во пенал рулетот се покажаа како недоволни за одбрана на титулата во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни