Поврзете се со нас

Англија

Се е подготвено: Ајакс попушти, Антони за луда сума се сели на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Манчестер Јунајтед долго време се обидуваше да дојде до Антони во овој преоден рок, мисија која на крај ќе заврши успешно со тоа што премиерлигашот ќе ја наполни клупската каса на Ајакс.

Холандскиот великан не сакаше да го продаде Бразилецот, меѓутоа Јунајтед беше упорен, а тука беше и притисокот од играчот кој едноставно притискаше да се реализира трансферот, па на крајот клубот од Амстердам одлучи да попушти со тоа што нивното „ДА“ скапо ќе го наплатат.

Познатиот и секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо пренесува дека операцијата ќе изнесува неверојатни 100 милиони евра што е нов холандски рекорд. Офанзивецот ќе се обврзе на договор до 2027 година со опција за уште една сезона.

Антони има 22 години, во Европа е од 2020 година кога од Сао Пауло пристигна во Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни