Поврзете се со нас

Англија

Санчез откри за кого ќе навива на дербито меѓу Арсенал и Јунајтед

Објавено

на

Од 17:30 часот се игра дербито на колото во Премиер лигата меѓу екипите на Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Познато е ривалството на овие две екипи, познато е се какви не дуели имаа тимовите предводени од легендарните Арсен Венгер и Алекс Фергусон со тоа што сега имаме нови ликови на двете клупи (Микел Артета и Ерик Тен Хаг) кои сезонава вршат фантатична работа, односно екипите се при самиот врв на табелата, поточно се во конкуренција, водат битка за трофејот.

Низ историјата има играчи кои настапувале за двата состави, а еден од нив е Алексис Санчез и тоа во периодот од 2014 до 2020 година. Токму Чилеанецот се најде во фокусот од причина што обелодени кого ќе поддржува во дербито-тоа се „топчиите“.

Арсенал објави видео од еден негов гол, а неговиот коментар беше следен:

-Ме паметите, и јас никогаш нема да ве заборавам. Секогаш ќе бидете во моето срце. Арсенал беше моето прво семејство во Англија и сите добро се грижеа за мене, особено навивачите. Се најдобро „топчии“, порача Алексис со што дефинитивно ги освои навивачите на лидерот во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни