Поврзете се со нас

Светски првенства

Саки: Мислев дека Меси е „проколнат“

Објавено

на

Лионел Меси добива комплименти од сите страни откако ја одведе Аргентина до мундијалското злато, а меѓу неговите фанови секогаш бил и Ариго Саки.

Искусниот италијански стручњак емотивно го опишал триумфот на „гаучосите“ во финалето.

– Плачев со солзи радосници по крајот на финалето.

– Кога Меси го подигна трофејот, емоциите ме издадоа. Помислив на неговиот пат, за уживањето во неговите настапи, за се што освои со Барселона, за „Златните топки“…

– Досега единствено го немаше освоено трофејот кој најмногу го посакуваше, делуваше како да е проколнат и затоа и се расплакав. Животот и фудбалот знаат да бидат благодарни и да ти возвратат за напорната работа, ова е подарок за целата кариера на Меси.

– Меси е причина милиони луѓе да бидат залепени пред телевизорите, ова беше голема победа за фудбалот, – вели Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни