Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц го продолжи престојот во Ферари: Не постои ништо поуникатно од ова (Фото)

Објавено

на

Карлос Саинц ја вози втората сезона во Формула 1 како член на Ферари, а тоа ќе го прави во црвените бои уште најмалку две откако стави потпис на нов договор.

Скудерија ова попладне информираше дека е постигнат договор со шпанскиот возач за продолжување на заедничката соработка, што истовремено значи дека синот на Михаел Шумахер ќе почека уште некое време пред да добие шанса во историскиот тим кој доживеа златни моменти со неговиот татко.

Со потпишаниот договор, Саинц си загарантира вкупен престој во Ферари од четири години, а сигурно неговата цел ќе биде да остане и подолго откако тимот конечно состави болид конкурентен за титула.

– Многу сум среќен што го обновив договор со Ферари. Секогаш сум велел дека не постои подобро место во Формула 1 од ова.

– После една година во Ферари, можам слободно да кажам дека не постои ништо поуникатно од тоа да ги браните боите на Ферари. Ништо не се споредува со тоа чувство, – вели Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни