Поврзете се со нас

АТП

Руседски: Има квалитетен тенис на АО, но не е исто без Ѓоковиќ

Објавено

на

Мина скоро една седмица од првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен, но и покрај тоа повторно се говори за Новак Ѓоковиќ на кого не му беше дозволено од властите да остане во Мелбурн и да ја брани титулата.

Ѓоковиќ се нема огласено по лошата епизода во Австралија, но затоа другите зборуваат за него, го споменуваат, па така некогашниот четврти светски рекет Грег Руседски едноставно жали што Србинот го нема на турнирот кој со ова изгубил многу и покрај квалитетниот тенис што се игра во изминативе денови.

-Гледам Австралија опен, досега беше извонредно, многу квалитетен тенис, но морам да кажам дека чувството не е исто без светскиот рекет број еден Ѓоковиќ во ждрепката, -порача Руседски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни