Поврзете се со нас

Германија

Румениге објасни зошто Баерн не верува во европската Супер лига

Објавено

на

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем се клубовите кои се основачи на Супер лигата која е топ тема во фудбалската јавност во изминатите 24 часа, проект кој направи Андреа Ањели како еден од основоположниците на ова контроверзно натпреварување да се повлече од функцијата која ја имаше во УЕФА.

Првиот човек на Јувентус беше и претседател на Европската клупска асоцијација и се залагаше за бранење на интересите на клубовите, но сега оваа функција во иднина ќе ја изваршува главниот оперативец на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге. Европскиот првак и германски великан е еден од ретките клубови кои одбија да се приклучат во Супер лигата во друштво на Борусија Дортмунд и ПСЖ, а Румениге сега откри зошто баварците не прифатиле да ја рушат традицијата.

– Фудбалскиот клуб Баерн не учевствуваше во создавањето на плановите за Супер лигата. Уверени сме дека актуелната структура во светскиот фудбал гарантира сигурни основи. Баерн ги поздравува најавените реформи во Лигата на шампионите и веруваме дека се прави вистински чекор кон нов развој во европскиот фудбал. Измената на групната фаза ќе допринесе за поголеми возбудувања и емотивно искуство, – вели Румениге и додава.

– Не верувам дека основањето на Супер лигата ќе ги реши финансиските проблеми кои настанаа во европските клубови поради коронавирусот. Напротив, сметам дека сите клубови во Европа треба солидарно да работат.

– Тука посебно мислам на трошоците за плати на играчите, провизија на агентите, тие треба да се порамнат и така европскиот фудбал ќе биде порационален, – вели Румениге кој од денеска е нов член на УЕФА и претседател на Европската клупска асоцијација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни