Поврзете се со нас

АТП

Руд му се реваншираше на Циципас и ја освои најголемата титула во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Каспер Руд го надигра Стефанос Циципас и го освои пехарот на АТП турнирот што се играше во Барселона.

Норвежанецот беше на повисоко ниво во соочувањето во Каталонија и со 7-5 и 6-3 дојде од 11 титула, титула која е најголема во досегашната кариера.

Имено во досегашниот тек сите успеси на Руд беа остварени на турнири од серија 250, односно со денешната победа скандинавецот прекина една црна серија, седум порази во низа во финалињата на настаните кои беа над категоријата АТП 250.

Воедно со ова Каспер му се реваншираше на Циципас за поразот од минатата седмица во Монте Карло.

Кога се во прашање значајните тениски настани вреди да се напомене дека Јан Ленард Штруф го надигра Тејлор Фриц во битката за пехарот во Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни