Поврзете се со нас

АТП

Родик: И мојата мачка може да го тренира Ѓоковиќ

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ одлучи да се раздели со Горан Иванишевиќ, човекот со кого имаше одлична соработка и освои голем број на титули во изминативе неколку години.

Заминувањето на Иванишевиќ и понатаму е меѓу најактуелните теми во светот на тенисот, односно се говори за тоа кој може да го наследи и му биде од помош на рекордерот по освоени грен слем титули.

Енди Родик е меѓу најактивните поранешни асови кога се во прашање коментари, ставови за одредени прашања, па така според него Ѓоковиќ може и сам да биде успешен.

-Тоа е малку чудно прашање, дали му треба тренер. Мислам дека мојата мачка може да го тренира и да на голем број на натпревари, -порача Енди во подкастот „Served with Andy Roddick“.

Последните вести говорат дека Ненад Зимоњиќ може да биде наследникот на Иванишевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни