Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски со емотивна порака го испрати Пандев во пензија: Ти си идол, легенда, инспирација за сите нас…

Објавено

на

Поранешниот капитен на македонскаа фудбалска репрезентација, Горан Пандев дефинитивно потврди дека става крај на своето патување, богатата фудбалска кариера.

Иако тоа беше најавен од претходно постоеше можност популарниот Гоче да игра и во оваа сезона, врата која самиот тој ја остави подотворена, ама сепак на крајот пресечи и се реши дека време е да ги закачи копачките на клин.

Оваа негова одлука беше пренесена низ Балканот, Европа и поширока, одлука која донесе коментари, реакции, а една дојде од Стефан Ристовски кој со емотивна порака го испрати струмичанецот во заслужена пензија.

– Гоки….пораснав со тебе, прво како идол, а подоцна заедно и на терен. Горд сум што бев дел од твоето време. Емоциите се измешани, среќен за тоа што сме поминале заедно и тажен што повеќе нема да бидеш дел од теренот. Фала ти што прв успеа светот да слушне за Македонија и македонскиот фудбал, фала ти што беше инспирација за сите нас. Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш, -порача сегашниот капитен на нашиот национален тим кој поради повреда ќе ги пропушти дуелите со Грузија и Бугарија во Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни