Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА сигурни против Краснодар

Објавено

на

Сара Ристовски и нејзините колешки од ЦСКА Москва ја оправдаа фаворитската улога во пресметката со Кубањ Краснодар во рускиот шампионатот.

Гостинскиот состав имаше проблеми да се наметне во првиот дел кој го доби само со еден разлика (15-14), но по одморот ситуацијата беше поинаква, ЦСКА беше далеку поефикасна и поцврста во одбраната и на крајот запиша сигурен триумф од 37-25.

Македонската репрезентативка беше активна 22 минути, период во кој имаше реализација два од пет. Лидер беше Козаченко со седум голови од исто толку обиди.

Во следното коло ЦСКА ќе ја пречека Черноморочка, тим кого пред неколку дена го елиминираше во Купот на Русија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни