Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот Манев се сели во Осијек

Објавено

на

Foto:twitter.com/nkosijek

Јован Манев стана стандарден дел од листите на селекторот Благоја Милевски, а фудбалерот кој е дел од македонскиот строј денеска си договори трансфер во Хрватска.

Македонскиот стопер е фудбалер на турска Адана и има договор со овој клуб, но до крајот на сезоната ќе игра во најсилната фудбалска лига во Хрватска за составот на Осијек.

Интересно, нашиот фудбалер во европквалификаиите ова лето како член на Адана играше против Осијек, но сега ќе ги брани боите на Хрватите до крајот на сезоната.

Осијек вклучил и право за откуп по крајот на оваа сезона, а според хрватските медиуми клаузулата изнесува околу 1 милиони евра.

Манев очекува да добие шанса на следните два меча против Италија и Малта, а потоа ќе треба да му се стави на располагање на новиот тренер на 13-ти септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни