Поврзете се со нас

Свет

Реал Мадрид го потврди ангажманот на Муса

Објавено

на

Кошаркарската секција на Реал Мадрид од денеска е посилна за Џанан Муса, кошаркарот од Босна и Херцеговина кој се избори за трансфер во престижниот шпански клуб.

По враќањето од НБА, Муса настапуваше за Анадолу Ефес со кого стана европски првак, а минатата сезона како член на Рио Бреоган беше прогласен за МВП на шпанската лига.

Муса го привлече вниманието на Реал Мадрид, па клубот денеска ја информираше јавноста дека репрезентативецот на БиХ ќе биде нов член на шпанскиот првак.

23-годишниот кошаркар потпишал двегодишен договор со Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни