Поврзете се со нас

Формула 1

Реакцијата на Тото Волф откако Хамилтон го надитри Ферстапен: Закачете го ова во Лувр! (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон во својот втор обид успеа да го мине Макс Ферстапен на Интерлагос и на неверојатен начин издоминира на трката за Големата награда на Бразил, нешто што го најави уште на вчерашната спринт-трка на која напредуваше дури 15 позиции.

Британецот ја намали предноста во генералниот пласман во однос на Макс Ферстапен и истата сега изнесува 14 бода, откако со голема леснотија мина седум болиди на стартот, а потоа се справи и со двата возачи на Ред Бул.

Ферстапен се обидуваше да одолее и во првиот обид го истурка Хамилтон од патеката, но во вториот обид немаше веќе сили за бранење, бидејќи Мерцедесот на Луис беше значително побрз и „прелета“ крај Ред Булот на 12 круга пред крајот.

Во боксот на Мерцедес на големо се славеше ова престигнување и еуфорична реакција имаше и тимскиот шеф Тото Волф, кој подоцна стана и вирален хит со објавата на Твитер.

– Закачете ја оваа слика во Лувр, – гласи твитот на Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни