Поврзете се со нас

Балкан

Ражнатовиќ за доаѓањето на Кер: Гест за почит кој никогаш нема да го заборавиме

Објавено

на

Српскиот кошаркарски стручњак, Дејан Милојевиќ денеска беше погребан во Белград, а на вечното почивалиште беше испратен од многу луѓе меѓу кои беше и делегацијата на Голден Стејт Вориорс, тим во кој популарниот Деки работеше во изминативе години.

Во таа група на „воините“ беше и тренерот Стив Кер кој одлучи да допатува од САД и покрај сите обврски, натпревари кои Голден Стејт ги има во овој период, потег со кој ја воодушеви српската јавност.

Кер допатува од Америка за да го испрати Милојевиќ во вечното почивалиште (Фото)

За овој гест се огласи Новак Ѓоковиќ, но и познатиот менаџер Мишко Ражнатовиќ кој беше многу добар пријател со Милојевиќ.

-Еден од најтрофејните НБА тренери, Стив Кер како и бројни членови на организацијата Голден Стејт Вориорс, денеска во Белград патуваа долг пат за да му оддадат последна почит на својот пријател и колега, нашиот Дејан Милојевиќ!

-Во Белград ќе остане само дваесет часа, а ќе пропушти важен натпревар во Солт Лејк Сити, токму градот во кој почина Дејан. Гест кој предизвикува голема почит и гест кој никој од нас кои го сакавме Дејан никогаш нема да го заборави! Ништо не може да ја промени трагедијата што се случи, но американското и европското кошаркарско семејство на Деки ќе дадат се од себе неговата слава да биде вечна, порача Мишко на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни