Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Шортс и Бон продолжуваат да делат лекции во Германија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/telekombaskets

Телеком Бон на Ти-Џеј Шортс продолжува со импресивните изданија во германскиот шампионат каде најнова жртва беше составот на Готинген кој беше прегазан на негов терен со 95-60.

Само пред неколку дена овој тим на Готинген го надигра евролигашот Баерн Минхен (83-75), но сега приказната беше сосема поинкава затоа што Шортс и компанија едноставно ги прегазија на паркетот и најдобар доказ за тоа е што Бон ги доби сите четири периоди на овој натпревар.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј одново беше вистински лидер и со 17 поени, 2 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки ја предводеше својата екипа до успех на ова гостување.

Бон со учинок 30-2 е на првата позиција, во наредната рунда му гостува на Бамберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни