Поврзете се со нас

Свет

Раиола: Ибрахимовиќ згреши само при изборот на еден клуб

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ и во својата 40. година од животот игра на навистина високо ниво и е најзаслужен за добрите резултати на Милан во актуелнава кампања.

Токму со тие партии Златан одново се наметна на големата сцена, поточно потврди дека годините се само бројка, односно дека се уште има квалитет, знаење за да игра во најдобрите лиги, натпреварувања на светот. Многумина го избришаа Швеѓанецот кога тој од Европа замина во САД во МЛС лигата каде две години настапуваше за составот на Лос Анџелес Галакси.

Овој избор, потег според Мино Раиола е единствената грешка на Ибрахимовиќ кога се во прашање неговите одлуки за клупската средина.

-Таму замина затоа што сакаше со своето семејство да живее во Лос Анџелес. Играчки, тоа беше катастрофа. Златан секогаш сака да победува, без разлика дали е во прашање фудбал или видео игра. Неговите играчи во тој клуб го немаат тој менталитет, таа желба за победа, -истакна Мино кој е долгогодишен пријател и агент на шведскиот голгетер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни