Поврзете се со нас

Формула 1

Раиконен обелодени како се чувствува пред својата последна трка во Ф1 и стана вирален хит (Фото)

Објавено

на

Кими Раиконен како актуелен возач со најдолг стаж во „најбрзиот циркус“ става крај на својата Ф1 кариера на последната трка во возбудливата натпреварувачка сезона, на која ќе го добиеме и одговорот за тоа кој ќе биде нов светски шампион.

Макс Ферстапен и Луис Хамилтон секако ќе бидат во прв план во Абу Даби поради неверојатната бодовна изедначеност во генералниот пласман и битката за титулата, но секако, многу емоции кај фановите ќе предизвика и збогувањето на „ледениот Финец“ кој претстојниот викенд ќе ја извози последната Формула 1 трка во кариерата.

Раиконен денеска бил еден од првите кои се појавиле во прес-центарот во Абу Даби во пресрет на тркачкиот викенд, па како и обично, дал легендарен одговор на прашањето поврзано за неговата последна трка.

Новинарот: Овој викенд ја возите последната трка, дали ја очекувате со нетрпение?

Раиконен: Со нетрпение чекам да заврши, – во свој стил одговорил Раиконен кој додал дека нема планови за тоа што ќе прави по крајот на Ф1 авантурата.

– Немам никакви планови за мојата иднина и не размислувам за ништо во моментов. Ако добијам некоја интересна понуда, ќе размислам своевремено, – додал Финецот кој му ја донесе последната шампионска титула на Ферари во 2007 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни