Поврзете се со нас

Евролига

Радоњиќ го презема Панатинаикос

Објавено

на

Српскиот шампион Црвена Звезда ќе мора да бара нов тренер, бидејќи Дејан Радоњиќ денеска е претставен како нов предводник на Панатинаикос.

Радоњиќ донесе тројна круна за белградскиот состав и фановите посакуваа да остане на позицијата, но решил да ја прифати понудата на грчкиот клуб.

Црногорскиот стручњак потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

– Многу сум среќен што станав дел од фамилијата на Панатинаикос, еден од најважните клубови во Европа. Би сакал да му се заблагодарам на раководството за довербата и убеден сум дека можеме да направиме големи работи, – изјавил Радоњиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни