Поврзете се со нас

Македонија

Прва победа за Вардар во новата сезона, дербито во Тетово без голови

Објавено

на

Екипата на Вардар дојде до првата победа во Првата македонска фудбалска лига во оваа сезона и тоа во скопската пресметка со Македонија Ѓорче Петров.

На „црвено-црните“ им беа потребни пет натрпевари за да дојдат до првенчото во најсиланата домашна конкуренција, а истата им ја донесоа капитенот Мицевски и летното засилување Омерагиќ.

Почесниот погодок за „лавовите“ беше дело на Величковски во 94 минута.

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи заврши без победник и без голови, исто како и соочувањето во Струмица меѓу Брера и Работнички.

Воска Спорт ја надигра Брегалница со 2-0 со головите на Марушиќ, додека Силекс како гостин беше подобар од Гостивар со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни