Поврзете се со нас

АТП

Пред Левандовски и Ферстапен: Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист во Европа

Објавено

на

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист во Европа за 2021 година.

Првиот светски рекет доби најмногу гласови во изборот кој традиционално го организира Полската национална агенција (ПАП), избор во кој учествуваа 26 агенции. Ова за Ноле е четврто вакво признание, претходно беше број еден во „трката“ во 2011, 2015. и 2018 година.

Големиот грен слем шампион доби вкупно 172 поени со што ги остави зад себе фудбалската ѕвезда и воедно минатогодошен победник Роберт Левандовски (133) како новиот Формула 1 шампион, Холанѓанецот Марк Ферстапен (125 бодови)

Во Топ 10 беа уште Карстен Вархолм, Сифан Хасан, Тадеј Погачар, Јанис Адетокумбо, Марсел Ламонт Џејкобс, Арманд Дуплантис и Норвежанката, Тереза Јохауг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни