Поврзете се со нас

Италија

Прецртаниот играч на Мурињо: Ги одбив видео-повиците од Анчелоти, тоа никогаш нема да го заборавам

Објавено

на

Амаду Диавара одигра важна улога во тимот на Наполи кој беше воден од Маурицио Сари, но третата сезона во Рома сигурно нема да ја памети по добро, бидејќи беше комплетно отрфлен од Жозе Мурињо.

Младиот 25-годишен играч за врска сигурно ќе направи трансфер ова лето откако во јануари му пропадна позајмицата во Валенсија, но вели дека нема никакви забелешки за Жозе Мурињо кој уште од старт бил јасен и искрен со него.

– Се уште не сум на средина на кариерата, но веќе доживеав незаборавни моменти во фудбалот. Работев со маестро Сари, го запознав фудбалскиот Бог Марадона во Наполи, Карло Анчелоти и сега со Мирињо.

– Иако не играм, работата со Жозе исто така е исполнување на сонот. Имам добар однос со Жозе, иако немам простор за игра и докажување. Тоа се технички одлуки, тренерот од почетокот беше јасен со мене и јас го прифатив тоа, – вели Диавара, кој вели дека нема да заборави една анегдота со Карло Анчелоти.

– Карло е господин, тоа го знаат сите што биле блиску до него. Летото во кое дојдов, се сеќавам дека еден ден добив многу видео повици, а бидејќи не ми беше познат бројот, ги одбив и не одговорив. После тоа, добив нормален повик и тогаш се јавив. Тогаш ми порача „тука е шефот“…. Тоа беше вистински циркус и ќе ми остане во сеќавање. Денот кога си отидов од Наполи, тој застана специјално со својот автомобил за да се збогува со мене и тоа го направи со љубов која ќе ја паметам цел мој живот, – открива Диавара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни