Поврзете се со нас

Репрезентација

Повредениот Несторовски со поддршка за своите браќа пред патувањето за Букурешт (Фото)

Објавено

на

Илија Несторовски се повреди во најлош можен период и поради операцијата на коленото нема да добие награда која дефинитивно ја заслужи, но и покрај големата фрустрација и фактот што нема да игра на Европското првенство, напаѓачот на Удинезе се појави во базата на репрезентацијата и ги поддржа своите браќа пред заминувањето за Букурешт.

Популарниот Иле се уште носи стабилизатор за коленото поради операцијата на предниот вкрстен лигамент и пред него претстои долга и макотрпна рехабилитација, но тоа не го спречи да не се појави меѓу своите соиграчи со насмевка на лицето.

Игор Ангеловски во повеќе наврати има нагласено дека клучно за оваа историска македонска генерација е тоа што сите функционираат како едно големо семејство, а најдобар доказ за тоа е и појавувањето на повредениот Несторовски кој го мина денешното претпладне со своите соиграчи и пријатели.

Македонскиот напаѓач се повреди во финишот од сезоната во италијанската Серија А и експресно направи операција во Рим, поради што со сигурно ќе го пропушти и стартот на новата натпреварувачка сезона во италијанскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни