Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Порто ја преживеа драмата во Торино и го елиминираше Јувентус (Видео)

Објавено

на

Јувентус втора сезона по ред не успеа да го помине осминафиналето во Лигата на шампионите, а сезонава доживеа елиминација во двомечот со Порто.

Италијанскиот состав вечерва славеше по продолжение со 3:2, но головите во гости го одведоа Порто во следната рунда на европското натпреварување.

Како и на првата средба, Јувентус брзо имаше негатива, откако Бјорн Кујперс покажа на белата точка, а Оливеира донесе водство за гостите.

Така беше до почетокот на вториот дел кога Киеза најпрвин израмни, а во 63. минута направи и целосен пресврт со својот втор гол.

Порто во меѓувреме остана и со играч помалку, но домаќините не успеаја да постигнат трет гол и мораше да има дополнителни 30 минути поради идентичниот резултат од првата средба.

Оливеира од слободен удар во 115. минута го постигна решавачкиот погодок, па иако Рабио набрзина го врати Јувентус во водство, „бјанконерите“ немаа време за нов гол и конечниот резултат 3:2 не беше доволен за четвртфинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни