Поврзете се со нас

Македонија

Поранешен македонски репрезентативец седнува на клупата на Кожув

Објавено

на

Екипата на Кожув забележа два порази (Караорман и Вардар Неготино) во првите две средби од пролетниот дел во Втората македонска лига, порази по кои оставка си поднесе тренерот Трајче Сенев.

По овој потег беше свикан состанок на управниот одбор на клубот по што беше решено да се прифати оставката на Сенев и притоа беше донесена одлука за негов наследник да биде именуван Филип Деспотовски.

Деспотовски е поранешен македонски репрезентативец, човек со богата играчка кариера кој откако ги остави копачките му се посвети на тренерскиот занает. Тој работеше со Ѓоко Хаџиевски во Најран, Хата, Хаџер и Емирати, исто така беше дел од тренерската школа на Вардар, а имаше можност да го води и Тетекс.

Наредната средба за Кожув е против Скопје на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни