Поврзете се со нас

Евролига

Поранешен македонски репрезентативец потпиша за евролигашот Басконија

Објавено

на

foto:twitter.com/Baskonia

Некогашниот репрезентативец на Македонија, Џордан Теодор е нов член на една од најдобрите шпански екипи, евролигашот Басконија.

foto:twitter.com/Baskonia

Клубот од Баскија реагираше по повредата на Крис Чиоза и изборот пад на искусниот Теодор кој досега го носеше дресот на францускиот прволигаш Метрополитанс, тим за кој во минатата сезона настапуваше Виктор Вембањама кој сега е дел од Сан Антонио Спарс.

Џордан на 12 средби во францскиот шампионат имаше просек од 13,3 поени, 3 скока и 3,9 асистенции. Тој последен пат играше во Евролигата во натпреварувачката 2017-18 кога за Олимпија Милано бележеше  11,6 поени и 4,7 асистенции по натпревар.

Инаку Џордан во 2017 година доби македонско државјанство, меѓутоа многу малку играше за нашиот национален тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни