Поврзете се со нас

Свет

Поранешен играч на Партизан киднапиран од екстремистичка група во Либија

Објавено

на

Српската спортска јавност ова попладне пренесува една неверојатна вест за поранешен фудбалер на Партизан, кој според информациите кои пристигнуваат од Африка, доживеал киднапирање во својат аземја.

Мохамед Забија бил киднапиран во родната Либија од екстремистичка група која чинот го извршила насилно и со оружје на себе, па во овој момент, непознато е во кој правец е однесен и дали воопшто е жив.

Негов последен клуб бил Ал Итихад од Триполи, а се верува дека причина за неговото киднапирање е блискоста која ја имал со Моамер Гадафи пред десетина години, токму во периодот пред да пристигна во Србија.

Забија беше дел од Партизан во сезоната 2012-13-та и одигра десетина натпревари за првиот тим на „црно-белите“, но откако не ги оправда очекувањата, продолжи да менува неколку клубови.

Офанзивниот фудбалер има забележано и 25 настапи за најсилната репрезентација на Либија, но еден месец откако наполнил 34 години, му се губи траг и во моментов не е позната неговата судбина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни