Поврзете се со нас

Англија

Поранешен англиски судија со оценка за наводниот прекршок над Бруно и пенал за Арсенал

Објавено

на

Дермот Галахер како поранешен фудбалски судија ги коментира случувањата околу овој сегмент за „Скај Спортс“, а во својата најнова анализа приоритет им е даден на поплаките на Јирген Клоп и Оле Гунар Солскјер дека новите правила го претвораат фудбалот во борење.

Менаџерите не беа задоволни поради недосудени наводни прекршоци врз нивни фудбалери, а посебно се истакна Солскјер кој сметаше дека Бруно Фернандеш бил фаулиран во моментите кога ја загуби топката, во акцијата во која беше постигнат голот на Саутемптон.

– Сигурно не беше прекршок, посебно со оглед на критериумот кој судијата го одржа на цел натпревар. Од првата до последната минута судијата дозволи да се развива играта на тој начин и мислам дека балансираше одлично.

– Изненаден сум од реакциите на Клоп и Солскјер, сите видовме колку беше подобро судењето на ЕП и Премиер лигата научи многу од тие критериуми. Минатото коло имаше многу пофалби за судењето и мислам дека ништо не се промени ни викендов. Толерирани беа повеќе физички дуели, а и не се судат пенали кои лани сигурно ќе беа досудени, тоа е она што го сакаат навивачите, рекол Галахер.

Интересна е и неговата реакција на забелешката на фановите на Арсенал дека требало да има пенал по дуелот меѓу Џејмс и Сака на дербито Арсенал-Челси.

– Кога го гледав натпреварот, веднаш реков „пенал“. Но, кога ја видов повторената снимка, реков „а можеби и не“.

– Потоа повнимателно го анализирав дуелот и сметам дека не беше пенал, Џејмс имаше предност, Сака се заплетка во неговите нозе, – рекол поранешниот судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни