Македонија
По тестовите во Имола,оптимизмот се враќа во таборот на Рико!
Македонскиот автомобилист Ристо Вуков ја започна втората сезона од настапите во Порше Карера Куп Италија, но и покрај стабилните перформанси во трките, се соочи со големи проблеми во квалификациите.
Иако Вуков покажа дека „топ 10“ пласманите за него се реалност и кога стартува од полоши позиции, сепак, неговите аспирации се тој да се замеша и во борбата за повисок пласман поради што во пресрет на новата трка на Имола, тој направи ново тестирање на оваа патека заедно со екипата GDL Racing.
– Бевме фокусирани на барање на најдобриот можен начин на штелување на возилото, затоа што во гран при викендите едноставно нема време да се испробаат повеќе нешта. Времето поминато на асфалтната патека е незаменливо со кој било друг тренинг, па во пресрет на трката во Имола чувствувавме дека дополнителен тест ни е мошне потребен. Јас добро се снаоѓав со возилото и со актуелниот сет-ап, но во Муџело конкуренцијата се одвои и покажа дека со поинаков сет ап може да се извадат повеќе перформанси, па тоа едноставно го „запали алармот“ и решивме да преземеме акција. Фокусот беше на подобрување на перформансите, а тоа ултимативно треба да доведе до подобра стартна позиција и поголема конкурентност. Сметаме дека успеавме да пронајдеме нов правец за штелувањето и тоа ни дава одредена доза на оптимизам. Со нетрпение ја чекам новата трка и искрено се надевам дека овој пат нема да бидам лимитиран од конкурентноста на автомобилот за да се борам за повисоки пласмани,- изјави Вуков.
По четири извозени трки (две во секој гран при викенд), Рико Вуков има 23 бода и се наоѓа на 12 место во генералниот пласман, при што најдобар пласман забележа на втората трка во Мизано, кога беше седми од преку 30 учесници.
Ова е трет од шесте гран при викенди во првенството на Порше Карера Куп Италија, а трките ќе се емитуваат на „Телевизија 24“ и тоа: в сабота од 19 часот и в недела од 13.15 часот.
-
НБАпред 14 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Светпред 9 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Англијапред 15 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Германијапред 13 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Англијапред 15 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Италијапред 10 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 13 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами