Поврзете се со нас

Балкан

По пауза од 15 години: Јоветиќ повторно ќе игра на Балканот (ФОТО)

Објавено

на

Еден од најдобрите црногорски фудбалери, Стеван Јоветиќ по подолго време повторно ќе игра за клуб од Балканот и тоа во еден од најдобрите тимови од Грција-Олимпијакос.

Напаѓачот од 2008 година настапува надвор од овие балкански граници, па преку епизодите во Фиорентина, Манчестер Сити, Интер, Севилја, Монако и Херта стигна во Пиреа и тоа како слободен играч.

Олимпијакос освен Црногорец успеа да го обезбеди и потписот на Даниел Поденсе. Португалецот доаѓа како позајмен играч од премиерлигашот Вулверхемптон.

Ова е негово враќање меѓу „црвено-белите“ за кои имаше добри настапи во периодот од 2018 до 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни