Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Мора да се научиме да победуваме и без Роналдо

Објавено

на

Ремито на Јувентус против Беневенто е уште еден резултат кој воопшто не им се допадна на навивачите на италијанскиот првак, а тренерот Андреа Пирло ги потенцирал слабите страни на својот тим.

„Бјанконерите“ четврти пат сезонава ремизираа на гостински терен, па Јувентус заостанува три бода зад лидерот Милан, а нивниот ривал има натпревар помалку.

– Имавме шанси во првиот дел, со кои можевме да го умртвиме натпреварот, но се уште не знаеме да ги читаме моментите за време на средбите. Наместо корнерот да го искористиме за да ја задржиме топката до крај на полувремето, ние му дадовме шанса на противникот да израмни.

– Роналдо имаше одреден проблем и најдобро беше да одмори викендов. Мора да се навикнеме да играме добро и кога тој не е во тимот.

– Кога натпреварот станува хаотичен мора да играме чисто и да ја преземеме контролата на играта. Инаку ќе ни се случува ова што ни се случи вечерва или против Кротоне, – изјавил Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни