Поврзете се со нас

Балкан

Пикси за легендарниот гол против Шпанија: Не одлета во празно само Васкез, туку и цела шпанска клупа (Видео)

Објавено

на

Актуелниот српски селектор Драган Стојковиќ Пикси имаше повеќе од респектабилна фудбалска кариера, во која покрај за клубовите, одигра и маестрални натпревари во дресот на тогашната југословенска репрезентација.

Поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Олимпик Марсеј и Верона во последното интервју за италијанска „Газета дело Спорт“ открил дел од своите најубави спомени од кариерата, меѓу кои и настапот на Светското првенство во Италија, кое беше последно за југословенската репрезентација.

Пикси беше херој во осминафиналето против Шпанија, во кое постигна два гола, што дефинитивно го промовираше пред глобалната фудбалска јавност. Југославија беше елиминирана на пенали во следната рунда, но Стојковиќ има убави спомени од средбата против „фуријата“ на кој реализираше еднаш од игра и еднаш од слободен удар.

– Дадов два феноменални гола и тоа останува за цел живот. Еве и три децении подоцна вие прашувате за тој натпревар, што значи дека сум направил нешто големо.

– За првиот гол не одлета во празно само Мартин Васкез, туку и целата клупа на шпанската репрезентација. Најважно е што во тие моменти размислував поинаку од цел стадион, сите очекуваа наједноставен потег и удар на прва, но јас имав нешто друго во глава и излезе феноменално, – изјавил Стојковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни