Поврзете се со нас

Формула 1

Перфектен викенд за Ред Бул со еден-два победа, катастрофа за Ферари на Имола

Објавено

на

По победата на Макс Ферстапен на првата спринт трка оваа сезона, Ред Бул имаше уште подобар крај на викендот, бидејќи двајцата нивни возачи завршија на првите две мести на трката за Големата награда на Емилија Ромања.

Ред Бул покажа дека има подобар ритам од Ферари во секакви услови на Имола, па така Перез го мина Леклер уште на стартот, а потоа љубоморно одолеваше на нападите и на крајот дочека огромна грешка на возачот од Монако.

Макс Ферстапен имаше мирна трка и без проблеми стигна до втората победа оваа сезона, но многу поважна за него и неговиот тим е катастрофалниот викенд на Ферари.

Карлос Саинц излета уште во првиот круг во тешките временски услови, додека кога се чинеше дека Леклер има темпо и посвежи гуми за да го нападне Перез, следеше огромна грешка на неколку круга пред крајот.

Лидерот во генералниот пласман излета и падна на осмата позиција, па до крајот само се избори за шесто место, кое секако е големо разочарување за него, но и за италијанските тифози на трибините.

Од неговата грешка, најмногу профитираше Ландо Норис кој им прави друштво на двата возачи на Ред Бул на пиедесталот, додека зад возачот на Мекларен заврши Расел од Мерцедес. Петти пред Леклер заврши Валтери Ботас, а во првите десет беа уште Цунода, Фетел, Магнусен и Строл. Ужасен викенд повторно имаше Луис Хамилтон кој заврши 14-ти, но кој беше престигнат и за цел круг од својот голем ривал и денешен победник, Макс Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни