Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер парираше 45 минути, па со разочарувачки финиш му дозволи убедлива победа на Загреб

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер парираше и се бореше 45 минути на гостувањето во Загреб, но на крајот претрпе тежок пораз од хрватскиот првак и забележа нов неуспех во елитното натпреварување.

Иако забележа напредокот на последните два меча во Лигата на шампионите и веруваше дека може да направи изненадување во Загреб, македонскиот тим не успеа да одговори на притисокот на домаќинот во последните 15 минути, нешто што беше последица и на двете исклучувања кои ги заработија Костески и Петровиќ.

Резултатот на полувреме беше 10:10 откако и двата тима направија многу технички грешки во првите 30 минути, но потоа Загреб го наметна темпото од стартот на вториот дел и одржуваше предност од два гола. Во такви околности, Пелистер беше во игра до 45 минута, но потоа целосно се распадна и на крајот претрпе тежок пораз.

Домаќинот ги искористи сите околности на теренот во своја полза и почна да ја полни мрежата на актуелниот македонски шампион, кој на крајот мораше да се помири со петти пораз во најелитното натпреварување, изразен со резултат 27:18.

За иронијата да биде поголема, двата црвени картони за „пелистерци“ ги избори поранешниот член на Вардар, Тимур Дибиров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни