Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер не го издржа последниот напад на Пик Сегед и остана на „нула“ во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер остануваат без бодови и по осмото коло во Лигата на шампионите, рунда во која загубија од Пик Сегед со 28:27.

Македонскиот првак имаше добар настап, се бореше со самиот крај, меѓутоа не го издржа последниот напад, налет на гостинот од Унгарија и доживеа пораз пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“.

Првиот дел му припадна на Пик Сегед со 15-12 за да по паузата избраниците на Ангеловски одиграа на повисоко ниво и постојано бидат на чекор од противникот. Во неколку наврати Пелистер и го израмнуваше резултатот, а последниот пат за 27:27 со голот на Петровиќ.

Сепак гостите го имаа последниот напад и преку Зита го матираа Гедбан за славје во Битола, вкупно четврто во групата А во елитното натпреварување.

Борзаш со шест гола беше прв стрелец, Кузмановски на дебито имаше пет реализации, додека Пешевски имаше четири од четири.

Шоштариќ со седум погодоци беше најефикасен кај победникот.

Пелистер во следното коло му гостува на Кјелце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни