Поврзете се со нас

Свет

Озил проговори за својата неостварена желба: Горд сум на сите клубови за кои играв, но еден недостасува… (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/m10_official

Месут Озил во последно време се актуелизираше на социјалните мрежи со своите објави кои целосно ги изненадија искрените фудбалски фанови, а причина за тоа е нестварната трансформација на поранешниот германски репрезентативец.

Една година по пензионирањето, Озил изгледа непрепознатливо и е двојно поголем од тоа што беше, но обемот е добиен од страшна мускулна маса која ја стекнал од редовна посета на теретана.

Месут со своите мотивациски видеа го привлече вниманието и на Кристијано Роналдо и доби пофалба од поранешниот соиграч за новиот изглед, а сега се јави и со една објава која ја откри неговата непозната љубов.

Озил позираше со дрес на Јувентус и обелодени дека единствено жали што во кариерата не заиграл за „старата дама“, бидејќи очигледно клубот од Торино навистина му е при срце.

– Горд сум на мојата кариера и на сите неверојатни клубови за кои имав привилегија да игра. Само еден клуб недостасува: Мојата италијанска љубов, Јувентус…. Јуве, приказна за една голема љубов….., – порача Озил кој во кариерата играше за Шалке 04, Вердер Бремен, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахче и Истанбул Башакшехир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни