Поврзете се со нас

Англија

Оршиќ се договори со „фенерџијата“ во Премиер лигата

Објавено

на

Мислав Оршиќ подолго време беше еден од најдобрите, клучните играчи на Динамо Загреб, но почетокот на новата година му носи нов предизвик кој го носи во Премиер лигата.

Досегашниот соиграч на Аријан Адеми и Стефан Ристовски се договори со „фенерџијата“ во најсилната англиска конкуренција, составот на Саутемптон. „Светците“ ќе платат шест милиони евра за овој трансфер со тоа што Динамо може да добие уште два милиони евра ако се исполнат одредени точки во договорот кој е со важност до 2025 година.

-Многу сум среќен што сум тука, мислам дека е сон за секој фудбалер да дојде да игра во Премиер лигата и јас сум тука, подготвен сум, мотивиран сум и се надевам дека ќе му помогнам на тимот, да ги постигне своите цели.

-Сега е малку тешка ситуација за клубот, но мислам дека треба да останеме заедно. Имаме само еден план – сите да останат во Премиер лигата. Треба да работиме напорно секој ден и се надевам дека на крајот на годината ќе бидеме среќни, -порача Оршиќ во првата порака.

Саутемптон има освоено само 12 бода по 18 кола, па токму Мислав треба да помогне овој клуб да се крене и отиде до местата кои гарантираат премиерлигашки фудбал и во следната кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни