Поврзете се со нас

Свет

Одлично издание на Димитријевиќ, но Рајковиќ се радуваше во македонското дерби во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: unics.ru

Екипата на ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ славеше над Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ во дербито во ВТБ лигата.

Домашниот тим имаше фуриозна прва четвртина во која се избори за двоцифрена позитива (27-15), па на таа основа мирно го водеше натпреварот, имаше контрола на играта, резултатот и сосема заслужено издвојува триумф.

Ова за „армејците“ е трет триумф во четвртиот лигашки меч против Уникс или вкупно четврти севкупно во оваа сезона ако се земе во предвид и Супер Купот. Вер со 17 и Мур со 14 поени беше лидери кај победникот, додека прв стрелец кај поразените беше Мејкон со 21 поен.

Одлична партија имаше нашиот Димитријевиќ кој за 33 минути на паркетот уфрли 17 поени со 9 асистенции.

Наредниот меч за Уник е против Нижни Новгород.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни