Поврзете се со нас

Македонија

Новиот спортски директор на Шкупи го претстави првото засилување во својата ера во клубот (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи посебно се активираше пред почетокот на првиот евро-предизвик во Конференциската лига, па откако вчера имаше напорен ден со презентација на еден играч и промоција на нов спортски директор, денеска денот го продолжи со ново засилување.

Клубот од Чаир го официјализираше првото засилување под водечката капа на новиот спортски директор Дамир Ибриќ, а станува збор за бразилски фудбалер кој се очекува да го прикаже сиот свој потенцијал во редовите на Шкупи.

Се работи за Дуду Сампајо кој потпиша двегодишен договор со Шкупи, а кој може да одговори на неколку позиции во средниот ред, но и во нападот.

– Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата која ми е укажана. Доаѓам максимално мотовиран и сакам да му помогнам на тимот во остварување на целите за новата сезона, – изјави Сампајо.

Ова е првиот играч доведен од Дамир Ибриќ, со тоа што Шкупи претходно веќе се засили со Сахити, Рамани, Тошевски, Денковски и Серафимов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни