Поврзете се со нас

Македонија

Нови засилувања: „Лавовите“ ангажираа двајца играчи на Шкупи (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkmakedonijagp1932

Македонија Ѓорче Петров ја одбрани крунта во Купот на Македонија и втора година по ред ја освои титулата во најмасовното натпреварување, трофеј кој на „лавовите“ им донесе квалификации за Конференциската лига.

Клубот од излезот на Скопје добија европска виза со победата над Струга во големото финале, а тоа значи дека тимот мора да биде освежен за стартот на евроквалификациите.

Тренерот Горан Симов доби четири нови фудбалери во досегашниот период во месец јуни, со тоа што најсвежи аквизиции се Мелос Бајрами и Стефан Јакимовски кои позираа денеска со жолто-црвениот дрес.

Станува збор за двајца играчи кои доаѓаат од редовите на Шкупи, а ова се засилувањата за дефанзивниот бедем, бидејќи Бајрами игра во одбраната, а Јакимовски е голман.

Пред нив двајца, Македонија ги ангажираше и Ристе Темелков и Антон Карачанаков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни