Поврзете се со нас

НБА

Незадржливиот Јокиќ го водеше Денвер до драматична победа над Бостон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер ја доби големата драма во „Ти-Ди Гарден“ и успеа да ја прекине неверојатната серија на Бостон, тим кој имаше 20 последователни победи на домашен терен.

Актуелниот НБА шампион одигра фантастична одбрана во последната акција од мечот и не му дозовли на Тејтум да го однесе мечот во продолженија, што најдобро говори колку интересен и возбудлив беше овој дерби меч во НБА лигата кој заврши со резултат 102:100.

Како и обично, клучен за победата на Денвер беше Никола Јокиќ, на кого утрово му недостасуваше само една асистенција за нов трип-дабл.

Србинот беше незадржлив и мечот го заврши со 34 поени, 12 скокови и 9 асистенции, но имаше и огромна поддршка од Џамал Мареј кој всушност беше најефикасен со 35 поени.

Во домашниот табор, Вајт постигна 24 поени, а Тејтум го заврши мечот со 22.

Од останатите средби, за издвојување е индивидуалната симултанка која ја имаше Букер, бидејќи ѕвездата на Феникс постигна 52 поени во победата над Њу Орлеанс (123:109).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни