Поврзете се со нас

Германија

Незадржливиот Халанд донесе прва радост за Дортмунд во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд имаа фуриозен почеток на натпреварувачката 2021/2022 во Бундеслигата.

Популарните „милионерите“ ја отворија сезоната со победа над Ајнтрахт Франкфурт од 5-2, победа во која прво име беше норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд. Напаѓачот беше нерешлива енигма за гостите и учествуваше во сите пет погодоци за „жолто-црните“.

Тој ја имаше улогата на асистент при головите на Ројс, Азар и Рејна, а сам ја затресе мрежата на ривалот во 34 и 72 минута. На спротивната страна пак Паслак си даде автогол, прецизен беше и новото засилување Хауге.

Дортмунд во второто коло му гостува на Фрајбург, Ајнтрахт пак се соочува со Аузгбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни